Третата сезона на емисијата На Иста Страна го урна досегашниот рекорд на гледаност
Петтата епизода од трета сезона на серијалот „На иста страна“ успеа да го урне досегашниот рекорд на гледаност. Епизодата која ја обработуваше темата за национализам и патриотизам во Македонија, беше гледана од рекордни 111 237, AMR од 5.84% и SHARE од 22,17% со што го надмина претходниот рекорд за речиси 25 000 гледачи. Еден од главните фактори за успехот кој го постигнува третата сезона е новиот термин кој го доби емисијата во Недела 14:14, но и тоа што „На Иста Страна“ се етаблираше како препознатлив бренд во македонскиот етер и има создадено голема група на редовни гледачи. Тимот на продукцијата Медиум очекува дека овој тренд на зголемен број гледачи на емисијата ќе продолжи и понатаму, бидејќи во зимските месеци од годината бројот на гледачи пред телевизиските екрани е многу поголем.