„Време е…“ – нов проект на здружението МЕДИУМ
Во четврток (26.05.2022) во 20 часот стартува серијалот поткаст емисии „Време е…“ со Валентин Николоски, посветен на анализи и дебати со цел да се поттикнат општествени промени во свеста на граѓаните за односот кон животната средина.

Поткаст шоуто со работен наслов „Време е…“ е проект на МЕДИУМ Скопје, поддржан финансиски од Европската Унија, и е продуциран во форма на динамично ТВ-шоу во живо со времетраење од 60 минути, адаптирано според онлајн стандарди.
Целта е дека ние, како заедница треба да го смениме, не само начинот на размислување, туку и нашите постапки, а со тоа да го смениме општеството во кое живееме, за на крајот да го достигнеме нивото на земјите членки на Европската Унија.
Емисијата е поделена во неколку сегменти и ќе се емитува на онлајн платформите на порталот zase.mk, а поткастот во живо ќе се пренесува и споделува на социјалните мрежи YouTube, на Facebook, Twitter, Instagram.