По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата (9-ти декември) се оддржа  работилница на тема: „Кажи и НЕ на корупцијата – секое НЕ се брои!“.

Работилницата беше одржана од страна на членовите на младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија- Anti Corruption International, заедно со обучувачи од здружението МЕДИУМ Скопје.

Работилницата се базираше на современи методи и техники на неформалното образование со вклучени практични вежби, работа во групи, креативни методи за поттикнување на дискусија и изразување на ставови и сл.

Во текот на работилницата студентите се запознаа со поимот и дефинирањето на корупцијата, облиците, причините за појавување и негативните ефекти од неа. Посебен акцент беше ставен на состојбата со корупцијата во Република Македонија и светот. Низ практични примери и вежби студентите се запознаа и со алатките за борба против корупцијата кои се применуваат во развиените држави и во Република Македонија.

Во текот на работилницата студентите беа активно вклучени преку поставување на бројни прашања, при што се разви плодна дискусија за начините за борба против корупцијата во светот и во Република Македонија.