Снимена цела сезона на Православниот верски календар
На 14 –ти септември е објавена и последната епизода од православниот верски календар, кој беше снимен на различни локации Македонија, а беше емитуван секој ден екслузивно на СИТЕЛ Телевизија и на порталите religija.mk и zase.mk. До сега се снимени и објавени 365 епизоди, а наскоро треба да се изработи DVD верзија од истиот. И наредната сезона во план е да продолжи емитувањето на календарот чиј што автор е Марјан Николовски, а по сценарио и воден од Презвитер Бобан Митевски. Покрај СИТЕЛ телевизија неколку телевизии и портали изразија желба да ги емитуваат кусите видеа со религиозна содржина.