Продукцијата МЕДИУМ го сними својот прв музички видео спот. Станува збор за новиот сингл на Мухамед Ибрахими, Perdonami, кој е дел од неговиот албум Devotion.

Во инструменталката чиј автор и композитор е Мухамед, можете да ги чуете звуците на акустична гитара, мандолина и виолончело кои се одлично искомпонирани со ударни инструменти. Авторот на делото свири гитара и мандолина, а пак виолончело младата Фјола Исмаили.

Спотот е во режија на Ѕвонко Наумовски, а е изработен од страна на продукција МЕДИУМ. Видеото е снимано на неколку локации во Македонија меѓу кои Свети Наум, Охрид и Скопското Кале.

Во продолжение можете да го погледнете спотот за песната “Perdonami”