ЗаСе.мк и оваа година беше медиумски покровител на настанот „Филантропија преку зелени идеи“, кој е во организација на здружението за социјални иновации АРНО.

На настанот беа промовирано десетте финалисти од конкурсот за зелени идеи кои имаат цел да го променат нашето општество. Трите најдобри идеи кои беа изгласани од жири комисијата, ќе се натпреваруваат на овогодинешнииот регионален натпревар кој ќе се одржи на Косово.

Сите финалисти добија сертигикат за учество, како и можност за менторство и консултански услуги за понатамошна промоција.

Им посакуваме многу среќа на финалистите и се надеваме деќа ќе успеат во остварувањето на своите идеи.