Тв проектот „На иста страна“, заслужено доби признание за поттикнување на промени во општеството.

Емисијата што се емитуваше на Сител телевизија, во која соговорници од различна вероисповест и етникум дебатираа за позитивните вредности во општеството, отворено разговараа за предрасудите и стереотипите во него, но и како да се отстранат овие негативни појави. Серијалот поттикна почит и толеранција кон различниот од себе, па затоа и беше препознаена од организаторите на Стори.

Поентата и крајната цел на емисијата да се испрати порака, дека сликата во која свештеникот од една верска заедница и имамот од другата, заеднички на улица или каде било, не треба да биде вест, туку вообичаено секојдневие, очигледно допре до општеството.

“На иста страна” со Story награда за ТВ проект што поттикнува промени во општеството. Благодарност до сите за поддршката.

Gepostet von На Иста Страна / Na ista strana / Ne anën e njëjtë / On the same side am Dienstag, 26. März 2019