МЕДИУМ одржа обука за управување на дронови
МЕДИУМ Скопје одржа тридневна обука за управување со дрон, во хотелот Радика во Маврово. Учесниците на теоретски и практичен начин беа запознаени со основите на управувањето со беспилотно летало.
За оваа обука тимот на МЕДИУМ Скопје изработи прирачник за летање и 6 видео туторијали, со кои учесниците во секое време ќе можат да го повторат и утврдат она што го научиле за време на обуката. На учесниците за време на теоретскиот дел од обуката им беше објаснета и законската регулатива во Република Македонија.

Инструктори на обуката беа четири пилоти, кои имаат неколку годишно искуство со пилотирање на дронови. За време на практичниот дел инструкторите ги поделија учесниците во тимови според нивото на искуство, типот на дрон кој го пилотираат и потребата за која ќе го користат истиот.
На обуката учествуваа 22 лица од повеќе организации, а практичната настава се одвиваше со вкупни 12 дронови од производителот DJi, модели Phantom 3, Phantom 4, Phantom 4 Advanced, Phantom 4 Pro v2.0, Mavic Pro, Matrice 600 и S900.



