Почна снимањето на третата сезона на ,,На иста странa”
МЕДИУМ СКОПЈЕ го регрутираше стариот тим и од почетокот на септември 2018-та година почна со подготовка на нови 14 епизоди од серијалот ,,На иста страна”. Во фокусот на емисијата и оваа сезона ќе биде обидот да се урнат со децении создаваните стереотипи за различните по боја на кожа, етничка и религиска припадност. Овој пат пристапот на подготовките на емисиите ќе биде пограѓански и тимот е во потрага по позитивни лични приказни кои вредат да бидат слушнати и видени не само во Македонија, туку и во целот регион.

Вклучете се и вие во креирањето на емисијата, пратете ни предлог приказна или информација за соживот која заслужува внимание. Информациите ги очекуваме на нашиот email naistastrana@gmail.com на нашиот Facebook или инстаграм профил. Да докажеме дека сите сме на иста страна.