МЕДИУМ Скопје потпиша меморандум за соработка со Анти Корупција Интернационал Македонија
Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права – МЕДИУМ Скопје потпиша меморандум за соработка со Анти Корупција Интернационал Македонија – македонска подружница на интернационалното здружение за борба против корупцијата.

Членовите на двете здруженија се заложија на борба против корупцијата во Република Македонија, преку организирање на заеднички обуки и работилници за млади, преку кои учесниците ќе можат да научат што е корупција, како да ја препознаат и како истата да се искорени како појава.
Во идните работилници Анти Корупција Интернационал ќе биде задолжени околу теорискиот дел од обуката, а пак Медиум Скопје ќе ги учи младите на вештини за истражување и детекција на корупција.
Претседателите на двете здруженија изјавија дека се надеваат на долга и успешна соработка.