Станува збор за кратки едукативни видеа кои треба да ги информираат припадниците на православната вера за тековните празници за секој ден од годината. Овој проект е реализиран на различни локации ширум Македонија, односно најстарите и најавтентичните цркви и манастири во нашата земја. Проектот е реализиран во соработка со Македонската Православна Црква.